<< Chapter < Page | Chapter >> Page > |
Функциите може да примаат влезни параметри. Ова се обезбедува преку () делот по името на функцијата. Во овој случај празните загради означуваат дека оваа функција не прима влезни параметри.
Типот на резултатот кој го враќа функцијата стои пред името на функцијата. Во овој случај резервираниот збор void означува дека функцијата не треба да врати резултат.
Телото на секоја функција започнува со { , a завршува со } . Наредбите кои се употребуваат меѓусебно се одвојуваат со ; - точка и запирка.
За дополнително појаснување на некој програмски сегмент многу често се користат коментарите. Во програмскиот јазик С коментарите се задаваат преку користење на /* … */ конструктот или преку //… конструктот.
Програма Dobredojdovte na TMF!
#include<stdio.h>
void main()
{
printf(“Dobredojdovte na TMF!\n”);
/* na ekran ke se ispecati gornata poraka */
}
Опис на кратката програма:
#include
printf( “Zdravo na site!\n" );
return 0;
Променливите претставуваат места во меморијата каде што ќе се чува некоја вредност. Во С ова место во меморијата се идентификува преку името на променливата. Сите променливи кои ќе се користат во програмата треба претходно да бидат декларирани, а потоа да се користат. Начинот на декларација на променливите е следниот:
Типовите на променливите може да бидат:
Цели броеви | Знаковни | Децимални броеви |
int | char | float |
short | double | |
long | ||
unsigned |
При дефинирањето на имињата на променливите треба да се запазат следниве правила, односно имињата на променливите треба да содржат:
Да се напише програма во С која ќе ја пресмета сумата на два броја.
void main()
{
int a, b, c;
a = 5;
b = 10;
c = a + b; // c=15
}
Како што се гледа од примерот освен делот за декларирање на променливите, останатиот дел од програмата ги содржи наредбите кои ја извршуваат бараната задача. Бидејќи се работи за математичка операција, користени се оператори за работа со декларираните променливи.
Операторите се користат за градење на изрази, при што операциите се изведуваат од лево надесно со што се применува правилото на приоритет на операторите во нивното изведување.
Notification Switch
Would you like to follow the 'Вовед во програмирање' conversation and receive update notifications?